Мерење на ефективноста на потег со панели како медиум за надворешното рекламирање

Рекламните панели се медиум во кој е вградена светлосната инсталација и е подеднакво ефектен преку денот и ноќта. Директно се изложени во видното поле на сите учесници во сообраќајот, посебно кога се лоцирани на средишниот дел од булеварите, кога се видливи од сите насоки на движење на раскрсницата или булеварот, а се повеќекратно поевтини од сите други видови на рекламни медиуми.
Потег со рекламни панели се последователно поставени рекламни тела на иста локација.
Потегот со рекламни панели го овозможува ефектот на повторување на рекламната порака, а повторувањето на рекламната порака има голем ефект врз перцепцијата на потрошувачите и се користи за подсвесно да влијание на потенцијалните купувачи при изборот на производот или услугата.
Мерењето на ефикасноста на потегот со рекламни панели /  CPM (Cost per thousand impressions) / е разгледуван за  случај и на потег од 10 панели, на локација во зона ексклузив, каде што цената по рекламно тело е највисока: Потегот од 10 рекламни панели, поставени на локација на  крстосницата на булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев.

https://www.instantstreetview.com/@41.998658,21.441014,-55.99h,2.61p,0z


  • Според информациите од Центарот за управување и контрола на сообраќајот, крстосницата на булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев е најфреквентна во градот, каде секојдневно во просек минуваат 95.540 возила.
  • За коефициент на сите учесници во сообраќајот (број на возачи, совозачи, корисници на јавен превоз, пешаци итн) е земен 2,5.
  • Просек на лица кои двапати дневно ја поминуваат релацијата (пример, од дома кон работа и обратно) е 70%. За просек на денови во еден месец се зема 30 денови.

Од горенаведеното се добиваат следните информации: дневен проток на сите учесници во сообраќајот пресметан со коефициент 2,5 е 238850 лица.
167195 лица (70 %) двапати ја поминуваат релацијата и  повторувањето на рекламата се дуплира и изнесува 334390 повторувања. Со преостанатите71655, односно 30% кои поминуваат на таа локација повторувањата на рекламата изнесуваат 406045.
Ако коефициентот на забележување на рекламниот панел е 60 %, бројот на импресии е 243627 дневно, односно 7308810 месечно.

Цена на еден потег од 10 панели во линија е од 700 до 900 евра месечно на таа локација. Го разгледуваме случајот кога цената е 900 евра, односно 55 800 денари месечно.
Добиената вредност на CPM (Cost per thousand impressions) за потегот од 10 панели  е 7,6 денари.

Пристапната цена на рекламните панели дава можност покрај големите компании корисници да бидат и фирми со минимален буџет за рекламирање.

#outdooradvertising #надворешнорекламирање #potezipaneli #efektivnostnapotegsoreklamnipaneli #skopje #advertisingmk

Comments